Откриени платите на Ф1 пилотите. Некои се навистина огромни!

Најавата дека Луис Хамилтон ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари следната година го разбранува пазарот на возачи во Формула 1 (Ф1).

Слободното место во престижниот болид на Мерцедес е огромен предизвик за повеќето Ф1 возачи. Фактот што Карлос Саинс јуниор, возачот со докажан потенцијал, е слободен, може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Затоа, не е чудно што некои тимови решија на своите најдобри возачи да им понудат големи плати за долгорочни договори, за да го спречат нивното евентуално заминување.

Тука најмногу профитираа Шарл Леклер и Ландо Норис кои потпишаа исклучително вносни договори со Ферари, односно Мекларен, за да бидат скриени од радарот на Мерцедес.

Новиот список на плати што го објави „РејсингНуз365“ открива дека Леклерк ќе заработи 34 милиони евра годинава, со што ќе биде третиот најплатен возач, зад дуото Верстапен – Хамилтон. Норис ќе скокне на четвртото место со плата од 20 милиони.

Макс Верстапен останува најплатен возач кој ќе заработи најмалку 55 милиони евра во Ред Бул, додека Мерцедес на Хамилтон ќе му плати 45 милиони евра.

Светскиот вицешампион Серхио Перез, исто така од Ред Бул, кој лани победи на две трки, е на седмото место на листата со плата од 14 милиони евра. Валтери Ботас од Заубер, на деветтата позиција е последниот со двоцифрена плата, 10 милиони евра.

Најмалку, само по еден милион евра ќе добијат Јапонецот Јуки Цунода и младиот Логан Сарџент. Но имајќи го предвид нивниот маркетиншки потенцијал, бидејќи станува збор за Јапонец и за Американец, тие најверојатно наскоро ќе потпишат повносни договори.

На крајот треба да се потенцира дека ова се основните плати кои не вклучуваат бонуси за победи и подиуми, тимски резултати или што било друго.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО