Откажан мечот во Мајами – Барселона и Вилјареал нема да играат надвор од Шпанија

Планираниот натпревар од шпанската Ла Лига меѓу Барселона и Вилјареал, кој требаше да се одигра во Мајами, е официјално откажан. Одлуката дојде поради „недоволно време за организација“ и „правни и логистички компликации“, соопштија од лигата.

Идејата Шпанија да пренесе еден официјален натпревар во САД повторно предизвика реакции — дел од фудбалерите и клубовите отворено се спротивставија на проектот, сметајќи дека вакви мечеви треба да се играат само на домашен терен.

Организаторот ,,Relevent Sports” изрази жалење, нагласувајќи дека се надева оваа иницијатива ќе се реализира во иднина, додека од Ла Лига потенцираа дека целта останува „проширување на брендот на шпанскиот фудбал во светот“.

Според последните најави, натпреварот ќе се одигра во Шпанија, во рамки на редовното коло, а Мајами засега останува само нереализиран сон за шпанските фудбалски фанови во Америка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО