Осимен ќе ги пропушти престојните два натпревари на Нигерија поради повреда
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ќе ги пропушти претстојните два квалификациски натпревари на Нигерија поради повреда, објави Фудбалската федерација на оваа африканска земја.
Од федерацијата не соопштуваат детали за повредата на 25-годишниот напаѓач, но прецизираат дека тој ќе биде надвор од терените околу 4 недели.
Осимен ќе ги пропушти натпреварите против Јужна Африка на 7 јуни и против Бенин три дена подоцна на неутрален терен во Брегот на Слоновата Коска.