Македонскиот олимписки комитет денес го организираше Олимпискиот пикник, настак кој на едно место ги собра поранешните спортисти, спортски работници, но и сегашните наши имиња од спортот.
Овој настан МОК го организира по повод 6. април, меѓународниот ден на спортот за развој и мир. МОК само ја обновува традицијата на “Олимписки пикник” кој се оддржуваше и порано, а сега се одржа во кругот на СЦ Јане Сандански. Оваа манифестација е наменета за дружење меѓу спортските великани, спортски работници, новинари, спортисти подржувачи на спортот.