Олимпиjците во Париз ќе добијат 300.000 кондоми

Забраната за сексуални односи во Олимпиското село (која никогаш нема да дознаеме дали и колку била испочитувана) веќе не е на сила. Организаторите на Игрите во Париз летово, обезбедија 300.000 кондоми за 10.500 спортист(к)и од целиот свет и за 4.000 волонтер(к)и во Олимпиското село.

Кондоми им се обезбедуваат на учесниците на Игрите уште од Сеул 1988 година, кога главниот фокус беше на подигање на свеста за начинот на ширење на ХИВ вирусот.

– Тоа е многу важно бидејќи пријателството меѓу олимпијците е многу важно, рече директорот на Олимпиското село во Париз, Лоран Мишо.

Официјално, водењето љубов на Игрите во Токио 2020 беше забрането поради пандемијата на коронавирусот, а во селото важеа строги правила за движење.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО