Олд Трафорд сериозно руиниран на покривот, но Јунајтед реши да го поправи тунелот (ФОТО)

Манчестер Јунајтед претходните години често беше на удар од навивачите поради тоа во каква ситуација се наоѓа стадионот, односно се обидуваа навивачите да им укажат дека е потребно реновирање.

Но и покрај тоа што има сериозни недостатоци на повеќе места од кровната конструкција, која при силни дождови и бури, знае да биде незгодна за присутните на трибини, Јунајтед реши да се позанимава со тунелот од каде излегуваат играчите.

Олд Трафорд важи сигурно за еден од најатрактивните и најлегендарни стадиони низ Европа, а сега од Јунајтед се обидоа дао го изреновираат тунелот кој води кон теренот.

Тунелот им беше во доста лоша состојба изминатите години, па решија да направат нешто посебно околу тоа. Дефинитивно изгледот е сега поинаков, а навивачите на социјалните мрежи се пошегуваа дека Јунајтед од реновирањето на тунелот, направи вселенски брод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО