Око за око: Леао му возврати на Ди Канио по жестоките зборови по ремито со Лацио (ФОТО)

Легендарниот Паоло Ди Канио, ја искритикува актуелната форма на Рафаел Леао и Тео Ернандез, напаѓачите на Милан, по ремито со Лацио ова коло (2:2).

Ди Канио по натпреварот имаше навистина тешки зборови за офанзивните играчи на Милан. Сугерираше дека тоа не се повеќе деца и дека се големи имиња на трансфер пазарот.

– Слушам како луѓето зборуваат дека тоа се само деца и дека тоа така оди, но сепак, тие вредат 8 милиони. Некои работи двајцата мора да ги променат, пред се пристапот во играта. Во мое време, со таков став, тие двајца ќе беа претепани на ѕид во соблекувалната, ова е срамота што го гледаме, порача Ди Канио.

Но не чекавме долго на одговор, бидејки на социјалните мрежи реагираше Рафаел Леао.

Леао на социјалните мрежи денеска сподели слика на Ди Канио од пред две децении, каде кон навивачите упатува „наци поздрав“, на што алудира дека оваа слика е поголема срамота од она што тој го рече за нив двајца.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО