OK Струмица поразен од Олимпијакос во првиот меч од ЛШ

Актуелниот македонски одбојкарски првак Струмица доживеа пораз од Олимпијакос од 3-0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.

Грчкиот претставник доминираше на средбата која се одигра во салата „Парк“ во Струмица и славеше со 25:15, 25:17 и 25:15 по точно 69 минути игра.

Оваа средба покажа дека Олимпијакос е на далеку повисоко ниво и дека реваншот на 24 септември најверојатно ќе биде рутина, потврда на пласманот во следната фаза.

Волков со 8 поени беше лидер кај Струмица, додека пак Атанасијевиќ го предводеше победникот со 18 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО