Официјално: Синот на Дон Карло е нов тренер на Лил

Италијанецот и син на Карло Анчелоти, Давиде Анчелоти и официјално е тренер на Лил, објави денес францускиот клуб.
Анчелоти потпиша двегодишен договор со Лил и ќе го замени Бруно Џенези на клупата на францускиот клуб.
Давиде Анчелоти, син на Карло Анчелоти, беше шеф на тренерскиот штаб на Ботафого од јули до декември минатата година, додека претходно во кариерата беше помошник тренер на својот татко во Баерн Минхен, Наполи, Евертон, Реал Мадрид и бразилската репрезентација.
Лил ја заврши минатата сезона на третото место на табелата во францускиот шампионат, додека во осминафиналето од Лигата на Европа беа елиминирани од Астон Вила.
Анчелоти ќе го предводи Лил во Лигата на шампионите следната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО