Централниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Рикардо Калафјори од италијанска Болоња се пресели во лондонски Арсенал. Денеска „топчиите“ и официјално го потврдија трансферот кој се најавуваше цело лето.
Трансферот на 22-годишниот дефанзивец го чинел лондонскиот клуб 42 милиони евра. Договорот со играчот е до 30 јуни 2029 година. Во лондонскиот тим, Италијанецот ќе игра од бројот 33.
– Го поздравуваме Рикардо и неговото семејство во Арсенал. Тој е одличен играч кој ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата одбрана. Рикардо е одлична личност. Тој има посебни вештини кои ќе не’ направат посилни.
Тој веќе покажа голем напредок играјќи и за Болоња и за италијанската репрезентација. Неговиот напредок и развој во текот на минатата година беа навистина импресивни. Со нетрпение очекуваме да работиме со Рикиардо, да го интегрираме во тимот, рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Калафјори веќе отпатувал во САД за да им се придружи на новите соиграчи во тренинг кампот во Филаделфија.