Одлука на самиот почеток од Австралија Опен: Еве каде се враќа Надал повторно на терените

Откако Рафаел Надал заработи мала повреда на турнирот во Бризбејн пред неколку дена, мораше да го откаже учеството на првиот гренд слем годинава.

Освојувачот на 22 гренд слем трофеи, поради повреда на мускулот, ќе го пролонгира враќањето на големите турнири, па сите сили ќе ги вложи сигурно на турнирот во Париз.

Но пред тоа, Надал ќе се врати според очекувањата наскоро, односно би можел да се врати и да учествува на турнир во Доха од серијата 250, кој ќе биде на програмата од 19 до 24 февруари.

Тоа значи дека Шпанецот повторно ќе го гледаме на терените за еден месец, а тој турнир и уште неколкумина пред Ролан Гарос, ќе му бидат само загревање и влегување во посакуваната форма пред Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО