Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше најбрз во квалификациите за трката во Ф1, на патеката Зандворд за ГН на Холандија.
Трката за ГН на Холандија се вози овој викенд, а изненадувачки, возачот на Мекларен беше најбрз, пред возачите на Ред Бул, што е секако изненадување.
Со одлично возење, Норис постави време од 1:09:673 и зад себе го остави актуелниот шампион во Ф1 и лидер во првенството, Макс Верстапен.
На позицијата број три се наоѓа тимскиот колега на Норис, Оскар Пијастри, што најавува одличен гран при викенд на Мекларен.
Некој ќе каже дека повеќе им одговара на возачите да стартуиваат од десната страна и дека оваа позиција најмногу би му одговарала на Макс, но пол-позицијата е сепак пол-позиција.
Четврти беше Џорџ Расел, па Серхио Перез, Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Алекс Албон, Ленс Строл и Пјер Гасли.