Новак Ѓоковиќ имаше доста среќа со ждрепката за Вимблдон. Во првото коло тој ќе игра против Вит Коприва од Чешка, 123. на АТП листата.
До крајот на турнирот тој ги избегна главните ривали Јаник Синер и Карлос Алкараз со кои може да игра само во финалето, а влегува во „коло“ со Александар Зверев и Хуберт Хуркач.
По мечот со Коприва и очекуваната победа, Ѓоковиќ го чека дуелот против Џејкоб Фернли или Алехандро Моро Кањас, кои се квалификант, односно играч со „вајлд-карта“. Потоа следува меч против Томаш Ечевери, па против Холгер Руне …
Novak Djokovic’s possible path to the Wimbledon title:
Wimbledon draw for Djokovic:
1R: Kopriva
2R: Fearnlex / Moro Canas
3R: Etcheverry / Popyrin
4R: Rune / Khachanov
QF: Hurkacz / De Minaur / Aliassime
SF: Zverev / Rublev / Tsitsipas
F: Sinner / Alcaraz /… pic.twitter.com/UORHgWltKv
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) June 28, 2024
Бранителот на трофејот и трет светски рекет, Шпанецот Карлос Алкараз во првото коло ќе игра против Марко Лајал од Естонија, а во второто коло ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Александар Вукиќ и Себастијан Офнер.