Српскиот кошаркарски репрезентативец Филип Петрушев се сели во Дубаи.
Според информации од грчките и српските медиуми, Петрушев ќе стави потпис на тригодишен договор со тим од Обединетите Арапски Емирати.
Олимпијакос, неговиот досегашен клуб, ќе инкасира околу половина милион евра за предвремено раскинување на соработката, а наплатата ќе се реализира преку две годишни рати од страна на Петрушев.
По завршувањето на претходната сезона се шпекулираше за иднината на Петрушев – Црвена звезда беше подготвена да плати 1,2 милиони евра за да го задржи во тимот, а и неколку Евролигаши како Фенербахче и Монако покажуваа интерес. На крајот, кошаркарот одлучи да ја прифати понудата од Дубаи.
Во својата кариера досега, Петрушев носеше дресови на Мега, Анадолу Ефес и Црвена звезда (две сезони), а кратко проба и во НБА со Филаделфија и Сакраменто пред да се врати во Европа и да потпише за Олимпијакос.
Во минатата Евролигашка кампања, во 28 натпревари за Црвена звезда, постигнуваше во просек 14,1 поени, 4,9 скока и 1,7 асистенции.
Петрушев ќе му се приклучи на зголемената балканска заедница во Дубаи: тимот го води тренерот Јурица Големац, генерален менаџер е Дејан Камењашевиќ, а со него ќе играат Србите Немања Дангубиќ и Данило Анѓушиќ, Словенецот Клемен Препелич и босанските репрезентативци Кенан Камењаш и Џанан Муса.