Кошаркарите на Партизан, синоќа беа поразени во финалето на Радивоје Кораќ купот со 85:79 од вечниот ривал Црвена Звезда.
По поразот, Жељко Обрадовиќ се обиде да даде резиме на натпреварот и посочи дека во одредени моменти судиите не биле на потребното ниво за ова финале.
– Мислам дека постојат одредени одлуки кои беа неверојатни, кога гледав репетиција на неколку ситуации, токму во спорните ситуации, Црвена Звезда се враќа во игра. Ние не успеавме да ги исконтролираме емоциите, а кога ќе се направат грешки, наши и судиски, влегуваме во проблем.
– Сметам дека овие судии не беа дораснати да го судат финалето на Партизан против Црвена Звезда, имаа крајно спорни одлуки во неколку ситуации, порача Обрадовиќ.
Иако загубено финале, за Партизан сезонава приоритет останува пласманот во топ8 во Евролигата и освојуваше на АБА првенството.