Обрадовиќ ќе ја предводи европската селекција во мечот во чест на легендата!

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ ќе ја предводи европската селекција на спектаклот што ќе се одржи на 5 септември во Загреб.

На тој меч, тимот на чело со најтрофејниот европски селектор ќе се сретне со репрезентацијата на Хрватска, во чест на Дражен Петровиќ, еден од најдобрите европски и светски кошаркари, поранешен репрезентативец на Југославија и Хрватска, пред трагичната смрт во сообраќајна несреќа.

Информацијата ја сподели неговиот брат и кошаркарски тренер, Александар Петровиќ гостувајќи во подкастот на АБА лигата.

– Накратко, можам да ви дадам ексклузива, полека да почнам да откривам. На почетокот на февруари во Загреб ќе имаме прес-конференција за наследството на Дражен. Основата е репрезентацијата на Хрватска против европска селекција. А кој ќе ја води селекцијата на Европа? Секако, најтрофејниот европски тренер. Тој без двоумење се согласи да ја води таа репрезентација која на 5 септември ќе го игра тој меч во Загреб, изјави Петровиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО