Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ го призна поразот од Реал Мадрид и посочи кој играч од противникот направил разлика на теренот.
Реал им го нанесе на Партизан 17-от пораз сезонава во Евролигата, а сега им претстои тешка битка за пласман во плеј-ин фазата.
– Реал беше подобар од нас, одиграа подобро од нас, постигнаа повеќе тројки, Хезоња беше повторно неверојатен, тој ја правеше разликата на теренот. Честитки до Реал кои повторно покажаа зошто се лидери.
– Натпреварот го загубивме во третата четвртина, кога правевме некои грешки и тоа Реал го искористи и направија голема разлика. Едноставно е, премногу му дозволивме слободен простор на Хезоња, поради кој ја плативме цената на поразот, порача Обрадовиќ.
Следниот меч Партизан го игра против Олимпијакос.