Победата на Партизан синоќа во Евролигата, беше важна од повеќе аспекти, а Жељко Обрадовиќ ќе ја памети поради едно големо остварување.
Српскиот тренер Обрадовиќ синоќа со триумфот во Берлин кај Алба, успеа да впише 350-та победа во кариерата, што го прави само уште поголем во ова натпреварување.
Зад името на Обрадовиќ очигледно далеку е конкуренцијата, втор на оваа листа е Еторе Месина со 313 победи, па следува Пабло Ласо со 249, Чави Пасквал со 241 и во топ5 влегува Димитрис Итуидис со 217 победи.
Пред сите тие бројки, Обрадовиќ беше задоволен од победата, бидејки смета дека играчите покажале карактер на овој натпревар, кој едноставно мораше да биде добиен.
– Знаеа играчите колку беше важно овде да победиме, излегоа со желба и решителност, се гледаше како се бореа на теренот по секоја топка, тоа само покажува колку беше посакувана победата на овој натпревар, порача Обрадовиќ.