Новинарите го вознемирија Дешам на пресот: „Неверојатни сте. Не треба да ми го поставувате тоа прашање“

Репрезентацијата на Франција се збогуваше со ЕП по поразот од Шпанија со 1:2 во полуфиналето. Коло Муани ги доведе триколорите во водство на почетокот на натпреварот, а „Ла роха“ направи пресврт преку Ламине Јамал и Дани Олмо, кои ги постигнаа головите во 21. и 25. минута.

Француските новинари по натпреварот го прашаа селекторот Дидие Дешам дали ќе остане на клупата на репрезентацијата, на што тој изнервиран одговори:

– Вие сте неверојатни. Поставете му такво прашање на мојот претседател. Јас ве почитувам, а вие треба да се потрудите да ги почитувате луѓето кои имаат обврски.

Денеска нема да одговорам на тоа, но вие добро знаете што мисли мојот претседател (Филип Диало, првиот човек на ФФФ потврди дека Дешам ќе остане до Светското првенство во 2026 година). Не треба да ми го поставувате тоа прашање, одговори нервозниот Дешам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО