Покрај ангажман на нови засилувања, ГРК Охрид го продолжи договорот со петмина стандардни играчи, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2026 година, со што продолжува градењето на силна екипа која ќе цели високо.
Капитенот Иван Тасески го продолжи договорот со клубот до 2026 година. Исто така и ннајголемиот талент и иднина на охридскиот ракомет, Никола Шипинкоски, го продолжи договорот до 2026 година.
Словенецот Гал Цирар и воедно најдобриот стрелец на ГРК Охрид, го продолжи договорот до 2026 година какои и МВП пивотот од претходната сезона, Владимир Бојаниќ, го продолжи договорот до 2026 година.
Верен останува и столбот на одбраната, Милорад Кукоски,кој го продолжи договорот до 2025 година.
Со претходните три зимски засилувања, како и со задржувањето на костурот, несомнено се наметнува прашањет, станува ли Охрид сериозен претенден за титулата во домашниот шампионат, но и Купот.