Новак Ѓоковиќ со нов тренер на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ направи промена во својот стручен штаб непосредно пред стартот на Ролан Гарос, каде ќе се обиде да атакува на нова грен-слем титула.

На тимот на најтрофејниот тенисер во историјата му се приклучи Виктор Троицки, актуелен селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија и поранешен 12. играч во светот.

Троицки ќе биде дел од стручниот штаб заедно со Борис Бошњаковиќ, физиотерапевтот Милјан Амановиќ и кондицискиот тренер Далибор Сирола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО