Новак Ѓоковиќ и натаму без турнириска победа годинава!

Чехот Томаш Махач, 44-от светски тенисер, се пласираше во првото АТП финале во кариерата, откако во полуфиналето на турнирот во Женева го совлада светскиот тенисер број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ со 6:4, 0:6, 6:1, по 2,8 часа игра.

Ѓоковиќ прв стигна до брејк, водеше со 4:1 и се чинеше дека рутински ќе поведе со 1:0. Но, 23-годишниот Чех одговори со фантастична игра освојувајќи пет гема по ред, со два брејка, добивајќи го сетот со 6:4.

Но, светскиот тенисер број 1, брзо ја заврши работата во вториот сет и по само 30 минути игра славеше со 6:0, израмнувајќи на 1:1.Во решавачкиот, трет сет, двајцата тенисери ги добија воведните гемови, по што следеше голем налет на чешкиот тенисер, 5:0, за конечни 2:1.

– Во моментов немам никаква реакција, се борев за секоја топка. Кога играте против Новак, само се надевате. Се обидувате да одиграте најдобро што можете и да видите што ќе биде, рече Махач, по втората победа во кариерата против еден од „топ“ 10 играчите.

Во финалето тој ќе игра против победникот од мечот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Италијанецот Флавио Коболи.

Ѓоковиќ на почетокот од третиот покажа голема нервоза. Тој побара совет од својот стручен штаб, и при еден „ритерн“ се повлече назад. Откако го изгуби поенот, се сврте кон тренерите и им рече: „Што зборувате, како назад, што назад?

По овој пораз Ѓоковиќ и натаму останува без титула во 2024 година. Во Рим беше елиминиран во второто коло од Чилеанецот, Алехандро Табило, во полуфиналето на Монте Карло беше елиминиран од Руд, а во Индијан Велс, беше рано елиминиран од Лука Нарди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО