Нова епизода во сапуницата: Барселона го заврши своето, Олмо на потег

Фудбалерот Дани Олмо ова лето неговите игри може да ги капитализира со голем трансфер.

Како што известуваат шпанските медиуми деновиве, Барселона веќе го убедува Олмо да ја прифати понудата која ја има на маса и која е испратена до неговиот клуб Лајпциг.

Барселона доставила официјална понуда за Олмо до германскиот клуб и таа изнесувала околу 55-60 милиони евра, што отприлика, треба да биде доволно за германскиот клуб да добие уверение дека треба да го продадат Олмо.

Договорот на шпанскиот фудбалер со Лајпциг трае до сезоната 2026/27, но големи се шансите наскоро да падне дефинитивен договор меѓу Барселона и Олмо и тој во следните недели да биде промовиран во нов играч на каталонскиот клуб.

Во договорот кој Олмо го има со Лајпциг, стоела клаузула во која имало гаранција дека тој може да замине од клубот ако тој побара и ако има заинтересиран клуб, кој ќе депонира 60 милиони евра во банка, како гаранција за трансфер.

Извори на Мундо Депортиво брифираат дека Олмо сериозно ја разгледува оваа опција и дека е блиску да ја прифати.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО