Српскиот Партизан доживеа тежок пораз и во ревенш мечот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) во Белград, од Динамо Киев, 0:3 кој според пишувањето на српските медиуми играл со 20 отсто од можностите!
Вицешампионот на Србија доживеа дебакл, 2:6 и во првиот меч, на гости во Лублин, Полска,
Во следното прелиминарно коло Динамо се среќава со шкотскиот Ренџерс. Првиот натпревар ќе се игра на 6 август, а Динамо е домаќин. Седум дена подоцна е реваншот.
Партизан продолжува во Лига Европа (ЛЕ) каде што во третото квалификациско коло ќе игра против швајцарскиот Лугано.