Олимпискиот комитет на Канада (КК) ја суспендираше и селекторката на женската фудбалска репрезентација од ОИ во Париз, Беверли Пристман, која, наводно, е вмешана во скандалот со „шпионажата“ со беспилотното летало.
Од ОКК кажаа дека помошниот тренер Енди Спенс е одговорен за тимот до крајот на турнирот. Канада беше посрамена откако двајца членови на Стручниот штаб беа испратени дома поради, наводно, користење дрон за да го „шпионираат“ тренингот на Нов Зеланд.
Пристмен негираше дека била вмешана во аферата, но не беше на клупата на натпреварот Канада – Нов Зеланд, 2:1. Од ОКК на Канада велат дека добиле „дополнителни информации за претходна злоупотреба на дронови за шпионирање на противниците и пред ОИ во Париз“.
Пристмен е суспендирана од должности до крајот на турнирот и до завршување на внатрешната истрага. Од ОКК потврдија дека ги избркале помошникот тренер, Јасмин Мандер и аналитичарот, Џозеф Ломбарди и ја прифатиле одлуката на Пристман да не учествува на првиот меч, по што ја повлекле и од Париз.