Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва се поразени во Лигата на шампионите, на гостувањето во Букурешт кај Динамо, со резултат 34:25.
Битолскиот ракометен колектив успеа само во првата половина од полувремето да биде конкурентна екипа против Динамо, а потоа домаќините како одминуваше времето, се одлепуваа резултатски.
Веќе на полувремето Динамо како домаќин имаше осетна предност (19:13), а потоа беше се потешко за Еурофоарм Пелистер.
Во вториот дел главната дилема беше со каква гол разлика ќе остварат домаќините победа и тоа на крајот изнесуваше девет голови.
Ова е трет врзан пораз на Пелистер во Европа сезонава.