Нов конфликт меѓу Барселона и селекторот Де Ла Фуенте!

Во Барселона повторно има тензии во односот со селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте. Актуелниот конфликт е во фокусот на внимание поради повредата на младата ѕвезда Ламин Јамал.

Јамал се обратил до Де Ла Фуенте и побарал да не биде повикан во репрезентација бидејќи ја обновил повредата. Барселона го потврди тоа, но селекторот го вметнал на списокот сепак, со аргумент дека „ако може да игра за Барселона, може и за нашата репрезентација“.

Клубот реагираше со официјално соопштение дека Јамал е повреден, а играчот се чувствува разочаран од начинот на кој селекторот постапил.

Ова не е прв пат Барселона и Де Ла Фуенте да имаат несогласувања — медиумите истакнуваат дека се чувствува дека селекторот понекогаш не ја зема предвид ниту физичката состојба на играчите, ниту барањата од клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО