Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча, го продолжи денеска договорот со бундеслигашот до јуни 2030 година.
Претходниот договор на 25-годишниот Нмеча со клубот од Дортмунд беше со важност до јуни 2028 година, а сега е продолжен, но не се знае точно под кои услови, објави агенцијата ДПА.
Нмеча се приклучи на Борусија од Волфсбург во 2023 година во трансфер 30 милиони евра.
Борусија е второпласирана на табелата во Бундеслигата со 55 бодови, 11 помалку од лидерот Баерн Минхен.
ФОТО: миа