Никола Јокиќ е пред највредниот договор во историјата?

Србинот Никола Јокиќ од Далас маверикс, трикратниот МВП на НБА лигата, лани и МВП на финалната серија, најверојатно ќе биде првиот кошаркар во историјата кој добил „супермакс“ договор од над 400 милиони долари.

НБА наскоро со медиумските компании ќе потпише договори во вредност од над седум милијарди долари, поради што значително ќе се зголеми и буџетот за плати.

Во следните пет години клубовите ќе можат да издвојуваат по 200 милиони долари за плати. За најдобрите играчи тоа значи дека можат да добијат околу 35 отсто од буџетот или 72 милиони долари, а во последната, петта година од договорот и до 95 милиони евра. Јокиќ, кој е под договор со Денвер до 2028 година, би можел прв да ја мине гореспомнатата граница.

Потоа, според проекцијата, ќе има можност да потпише договор според кој по сезони ќе ги заработи следните парични суми:

– 2028/29: 72.253.335 долари

– 2029/30: 78.033.602

– 2030/31: 83.813.869

– 2031/32: 89.594.135

– 2032/33: 95.374.402

ВКУПНО: 419.069.343

Оваа информација од САД доаѓа по само неколку дена откако Лука Дончиќ, со изборот во првата НБА петорка, ги исполни сите услови за потпишување на најголемиот договор во историјата на НБА. Тој следното лето треба да потпише нов, петгодишен договор вреден 346.338.300 долари.

Тој за цели 42 милиони долари ќе го надмине рекордот што лани го постави Џејлен Браун од Бостон селтикс и го симна Јокиќ од тронот. За пет години во Селтикс, Браун ќе добие 304 милиони долари или 60,8 милиони по сезона. Тоа е за 5,3 милиони повеќе од Јокиќ, кој дотогаш го имаше најголемиот договор во историјата на кошарката.

Дончиќ моментално е под договор вреден 215 милиони долари, што го потпиша во текот на сезоната 2022/23 и кој важи до сезоната 2025/26-та, и има можност да го продолжи за уште една година. Се претпоставува дека нема да ја искористи таа опција, туку следното лето ќе потпише нов договор и ќе стане рекордер.

Покрај Дончиќ, „супермакс“ ќе добие и Шеј Гилџес -Александер од Оклахома Сити. За четирите години од договорот тој ќе инкасира околу 295 милиони долари.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО