Никој не се посрамотил како Партизан сезонава?

Белградски Партизан загуби од Гент и во реваншот (0:1) во Белгија и беше елиминиран од Лигата на конференции (ЛК) со вкупен резултат 0:2. Стрелец на голот беше Делорж-Книпер во 88. минута.

Со овој пораз „црно-белите“ испишаа нова историја во европскиот клупски фудбал! Партизан прописно се избламира бидејќи со поразот во Белгија, стана единствениот клуб во Европа кој сезонава испаднал од Лигата на шампиони (ЛШ), од Лига Европа (ЛЕ) и од Лигата на конференции (ЛК).

Како вицешампион на Србија, во второто коло од квалификациите за ЛШ, Партизан загуби од Динамо Киев, а потоа, во третото коло од квалификациите за ЛЕ и од швајцарски Лугано. Потоа заврши во плеј-офот од ЛК, но не ја мина ниту таа пречка!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО