Втората млада ѕвезда во шпанската репрезентација, 21- годишниот Нико Вилијамс, стана првиот фудбалер кој на едно Европско првенство (ЕП) успеал на еден натпревар да постигне гол, да асистира за гол и да има беспрекорен, 100- настотен ефект при додавањата.
Вилијамс синоќа на мечот против Грузија погоди за 3:1, а претходно асистираше при постигнувањето на првиот гол на Родри. Тој имаше 46 додавања, без ниту една грешка, што досега не му успеало на ниту еден фудбалер на ЕП.