НХЛ лига: Едмонтон против Флорида во финалето на Стенли купот

Едмонтон оилерс триумфира против Далас старс со 2:1 во натпреварот број 6 од финалето на Западната конференција на канадско/американската хокеарска лига (НХЛ).

Едмонто ја доби серијата со 4:2 и се пласира во финалето во кое за Стенли куп трофејот ќе разигрува со Флорида пантерс. Првата средба е закажана за 9 јуни во Мајами, Флорида.

Растојанието меѓу Едмонтон во Канада и Мајами, Флорида, на југот од САД, изнесува 2.540 милји (околу 4.000 км), е најдолгото меѓу противници во финалето на Стенли купот во историјата на НХЛ.

Едмонтон последен пат играаше за титулата во 2006 година, кога загуби од Каролина со 3:4. Едмонтон е петкратен шампион на НХЛ лигата. Флорида ќе се обиде да го освои првиот шампионски трофеј во историјата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО