Ненад Димитријевиќ прв стрелец во финалето од Суперкупот на Италија

Кошаркарите на Олимпија Милано во полуфиналето од италијанскиот Суперкуп славеа против Венеција со резултат 73:62.

Најзаслужен за пласманот во големото финале беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој реализираше 14 поени.

Нашиот плејмејкер го следеше Никола Миротиќ со 13 поени, а на спротивната страна се истакна Амедео Теситори со 12 поени, два помалку запиша Давиде Касарин.

За триумфот Олимпија Милано ќе игра против екипата на Виртус Болоња која со 96:87 беше подобра од Наполи Баскет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО