Некогашниот симпатичен клуб Кит-го Пехчево кој се натпреваруваше во Втората лига едноставно урива рекорди во македонскиот фудбал.
Не од некој резултатски аспект туку поради промена на имиња и седиште на клубот. А се почна со заминувањето на спонзорот кој реши да инвестира во Брегалница.
Па така Кит-го Пехчево прво го промени името во ФК Пехчево. Потоа неговото место го купи Локомотива од Скопје и го префарли клубот во главниот наш град каде игеаше како Пехчево Скопје
Но по само една полусезона во Втората лига беше решено клубот да премине во Сингелиќ и да се фузира со Фортуна. Но откако не успеа да избори опстанок и испадна во Трета лига, сега на полусезона има нови газди и ново седиште.
Повторно останува во Скопје, но се сели во Илинден и го добива името Академија Илинден каде еден од главните луѓе е поранешниот селектор Никола Илиевски – Џиџи.