Некогаш најплатениот фудбалер во светот се предозирал – Повторно е во болница

Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци (38) повторно има големи проблеми. Тој денеска е примен во болница во Буенос Аирес поради предозирање и моментално е на интензивна нега, пишува Марка. Лекарите се обидуваат да го детоксираат.

-Тој има симптоми на предозирање откако имаше низа семејни проблеми. Неговите најблиски мора да направат нешто, изјави новинарот Луис Вентура за Америка ТВ.

Со него во болница е само неговата девојка Натали Борхес, а неговиот син се обидел да демантира се на Инстаграм. Лавеци по закрепнувањето ќе оди во центар за рехабилитација.

Да потсетиме, Лавеци првпат заврши во болница пред три недели. Поранешниот аргентински репрезентативец беше донесен во болница со убодна рана во пределот на стомакот и скршеница на клучната коска. Уругвајската радио станица ФМ Генте тврди дека Лавеци бил избоден со нож од неговиот брат.

Наводно, на се’ претходела расправија, но деталите не се разјаснети. Не е познато во каква состојба е некогаш брзоногиот напаѓач. На крајот на 2016 година Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Над 20 милиони евра заработи во Хебеи, Кина.

Во својата кариера настапуваше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО