Како што беше најавено, Небојша Човиќ и официјално е нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).
Човиќ, кој во средината на 1990-те беше на чело на тогашната југословенска комунистичка партија, веќе ја достави биографијата, програмата за работа, како и имињата на кандидатите за четворица потпретседатели. Тоа се Ненад Крстиќ, Ана Јоковиќ, Дарко Јовиќиќ и Филип Сунтурлиќ.
Меѓу неговите приоритетни задачи ќе биде и задржувањето на селекторот, Светислав Пешиќ за што наводно тие веќе разговарале. Не се знае дали е постигнат конечен договор, но поради историјата, и односите што ги имаа во минатотo, се’ наведува на тоа дека Пешиќ ќе остане на клупата на српската репрезентација.
Претседателот на КСС има мандат од четири години, а за negov избор потребно е просто мнозинство, односно „за“ да гласаат 17 делегати.