Не тренирал никого повеќе од 10 години, но Барса го сака!

Чави најави заминување од клупата на Барселона која почна да бара решение за негова замена од следната сезона.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта неочекувано се сети на Френк Рајкард. Тој во вториот мандат на чело на каталонскиот гигант како да сака да ги врати луѓето со кои работеше во првиот мандат.

Чави е само еден од нив. Тој го постави Деко за спортски директор, Рафаел Маркез за тренер на младата екипа, а Хулиан Белети за негов помошник. Тука се Бојан Кркиќ, па Хавиер Савиола итн.

На ред дојде и Рајкард. Под водство на холандскиот стручњак, Барселона, од 2003 до 2008 година, освои две првенствени титули, два шпански Суперкупа и Лигата на шампиони (ЛШ).

Во сезоната 2005/06 беше освоена двојната круна и со вкупни 4:0 од двата натпревара против Еспањол стигна и до трофејот во Суперкупот.

По Барса, Рајкард беше тренер на Галатасарај, а потоа и на репрезентацијата на Саудиска Арабија, од 2011 до 2013 година. Тоа беше неговата последна работа.

Лапорта му порача на Рајкард дека може да го доведе Марк ван Бастен како асистент. Иако не ја исклучи целосно можноста да му се врати на фудбалот, Рајкард ја одби таа понуда.

Прославениот поранешен холандски репрезентативец моментално живее во Амстердам и се занимава со бизнис со недвижнини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО