Не работи ништо, а повеќе од една година добива по 200.000 фунти неделно?

Речиси неверојатни информации доаѓаат од Англија, каде што весникот „Дејли мејл“ ги објави деталите поврзани со раскинувањето на соработката меѓу Челси и Греам Потер.

Потер, поранешниот менаџер, беше отпуштен од Челси во април 2023 година, седум месеци откако ја презеде функција во клубот од Лондон. Како што пренесува весникот, Челси бил обрзан да го плаќа Потер за следната година и половина, доколку дотогаш не најде нова работа.

На Потер очигледно не му се брза, бидејќи се’ уште е без ангажман. Тој се спомнува како кандидат за нов селектор на Англија, откако Герет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство (ЕП).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО