Не доби шанса во Реал Мадрид, но Ливерпул нуди 60 милиони евра за него?

Десното крило на Реал сосиедад, Јапонецот Такефуса Кубо наскоро би можел да пристигне во Ливерпул во трансфер вреден 60 милиони евра. Според шпанските медиуми, Ливерпул е заинтересиран и е подготвен да ја активира вредносната клаузула во неговиот договор и на тој начин да го пресели на „Енфилд“.

Кубо (23) минатата сезона одигра 41 натпревар за Сосиедад, во шпанското првенство, во Лигата на шампиони (ЛШ) и во „кралскиот“ куп. Тој постигна седум и асистираше за постигнувањето на уште пет гола и беше еден од најдобрите играчи во Ла лига во првиот дел од сезоната.

Со добрите настапи Кубо го привлече вниманието на многу клубови, а најконкретен изгледа е Ливерпул. Покрај тоа што се подготвени да го платат неговиот трансфер од 60 милиони евра, „црвените“, наводно, му нудат и 7,5 милиони евра по сезона во повеќегодишен договор.

Но, голем дел од таа сума би му припаднала на Реал Мадрид, чиј член беше Кубо од 2019 до 2022. Никогаш не заигра за Реал на официјален натпревар, па „кралевите“ му го продадоа на Сосиедад за шест милиони евра, но и со добро „стокмен“ договор во врска со следната продажба.

Доколку Кубо навистина заврши во Ливерпул за 60 милиони евра, Реал Мадрид ќе добие 27, а Реал сосиедад 33 милиони евра од таа сума!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО