Првите луѓе на Евертон немаат намера да ја намалат трансферната цена на фудбалерот, Џеред Брантвајт, иако за него се заинтересирани повеќе европски гиганти од Англија и Италија.
Во изминатиот период имаше одредени шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересирана екипата на Рома но, „волчицата“ не испрати конкретна понуда.
„Карамели“ објавија дека 22-годишниот дефанзивец е проценет на 70 милиони фунти и дека нема да прифатат помала сума.