НБА лига: Познати најдобрите дебитантски петорки. Доминираа две имиња

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама и центарот на Оклахома Сити тандер, Чет Холмгрен ја предводат најдобрата „дебитантска“ петорка во сезоната, објави НБА.

Покрај нив во петорката се уште Брендон Милер (Шарлот хорнетс), Џејми Џакез јуниор (Мајами хит) и Брадин Поџиемски (Голден Стејт вориорс).

Во „втората“ дебитантска петорка се Дерек Лајвли (Далас маверикс), Амин Томпсон (Хјустон рокитс), Кејонте Џорџ (Јута џез), Кејсон Валас (Оклахома Сити тандер) и ЏиЏи Џексон (Мемфис гризлис).

Вембањама, кој беше број 1 на НБА драфтот лани, имаше просек од 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции и 3,6 блокади (најмногу во лигата) на 71 натпревар.

Холмгрен на 82-та натпревари имаше просек од 16,5 поени, 7,9 скока и 2,3 блокади. Тој беше втор пик на драфтот во 2022 година, но сезоната ја пропушти поради повреда на стапалото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО