НБА лига: Богат, рекорден договор за Тејтум

Актуелниот шампион Бостон селтикс го финализира договорот за продолжување на договорот со најголемата ѕвезда, Џејсон Тејтум (26).

Според американските медиуми, Тејтум треба да потпише нов петгодишен договор со Бостон вреден 314 милиони долари, што би бил најбогатиот кошаркарски договор во историјата.

Минатата сезона Тејтум имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скок и 4,9 асистенции, а во плеј-офот 25 поени, 9,7 скока и 6,3 асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО