Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, реагираше откако НБА ја прифати неговата жалба и му дозволи да биде во конкуренција за индивидуалните награди на крајот од сезоната.
Дончиќ објави порака на социјалните мрежи во која им се заблагодари на НБПА и НБА за одлуката, како и на Лејкерс за тоа што му дозволиле да отпатува во Европа за да ја посети својата новородена ќерка во декември.
„Благодарен сум им на НБПА што ме поддржаа и на НБА за нивната фер одлука,“ напиша Дончиќ на социјалните мрежи.
„Многу ми значеше да бидам присутен при раѓањето на мојата ќерка во декември и сум благодарен на Марк, Џини, Роб, Џеј Џеј и целиот тим на Лејкерс за целосната поддршка и што ми овозможија да отпатувам,“ додаде тој.
Дончиќ пропушти два натпревари во декември поради раѓањето на неговото дете во странство, а подоцна одигра 64 натпревари во регуларната сезона пред да заработи повреда.
НБА и НБПА се согласија дека, земајќи ги предвид сите околности, Дончиќ ги исполнува сите услови за индивидуалните награди според правилото за вонредни ситуации во колективниот договор.