Реал Мадрид со победата над Кадиз од 3:0, успеа да ги обезбеди потребните бодови со кои вечерва слават нова шампионска титула, вкупно 36-та во нивната клупска историја.
Тренерот на „кралевите“ објасни зошто вечерва нема долго да слават, односно дека фокусот уште им е на реванш мечот против Баерн Минхен, каде имаат незавршена работа.
– Ништо не е готово, фокусот останува на врвно ниво, остануваме фокусирани за мечот со Баерн Минхен. Имаме фантастична сезона, ќе го славиме ова во недела, а не вечерва. Се надевам дека нашите навивачи ќе имаат разбирање дека во среда не чека важен натпревар кој мора да го добиеме за уште повеќе да славиме.
Но имаме и друг приоритет, сакаме да одиме во Лондон, на Вембли, порача Карло Анчелоти, јасно алудирајки дека посакуваат финале во ЛШ.
По првиот меч во Минхен, резултатот е 2:2, но сега Баерн гостува во Мадрид, каде домаќините ќе имаат и ветер во грб во вид на публиката.