Наполи успеа со 1:2 да слави на гости кај Џенова и да освои големи три бода. Па така сега составот на Антонио Конте со 38 бода по неколку кола пауза повторно е на врвот на табелата во Серија А, но и со меч повеќе од Аталанта (37) и два повеќе од Интер (34).
Наполи на денешниот меч дојде во водство со голот на Ангуиса во 15.минута, за да осум минути или поточно во таа 23.минута Рахмани зголеми на 0:2.
Домашните намалија во 51.минута со голот на Пинамонти во 51.минута. Се очекуваше уште некој гол од двете страни, но сепак составот на Конте успеа рутински и умешно да ја “затвори“ оваа средба со резултат кој му одговара.
Треба да се каже дека Марио Балотели во 86.минута ја погоди стативата на гостите и тоа беше последната шанса за Џенова да дојде до бод.