Наполи е уште еден тим кој ќе се обиде летово да го врати италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло на „чизмата“.
Заниоло во моментов е на позајмица во Астон вила, од Галатасарај, но не успеа да го убеди тимот од Бирмингaм да го откупи и тој најверојато ќе мора да се врати во Истанбул.
Наполи се обидува да го натера Заниоло да размисли за доаѓање на стадионот „Диего Марадона“. Покрај Наполи, интересирање за Заниоло покажува и Фиорентина, а ситуацијата внимателно ја следат и римските клубови, Лацио и Рома.
Заниоло има договор со Галатасарај до 2027 година, а неговата цена на фудбалскиот пазар во моментов изнесува околу 20 милиони евра.