Екипата на Наполи со вечерашната победа од 2:1 против Фиорентина во рамки на 23.коло од Серија А се проби на третата позиција на табелата со 46 бодови или еден помалку од вториот Милан, додека лидерот Интер има 52.
14.та победа на Наполи ја најави Антонио Вергара во 11.минута, а на 2:0 на почетокот на вториот дел зголеми Мигуел Гутиерез во 49.минута. Неизвесност најави Манор Соломон со голот во 57.минута, но до крајот на дуелот мрежите мируваа.
Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи го одигра целиот натпревар.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: