Наполи го сака Лукаку на позајмица

Ромелу Лукаку кој претходната сезона ја помина како позајмен во Рома, може да добие понуда да се пресели во Наполи.

Италијанскиот тим сака да го ангажира на позајмица но, „сините“ немаат намера и трета сезона по ред да се определат за таква варијанта.

Тие сакаат да го продадат корпулентниот фудбалер за околу 40 милиони евра. Актуелниот договор на Лукаку со англискиот клуб е до летото во 2026 година. Прашање е дали Наполи ќе се согласи да плати толку големо обештетување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО