Најтрофејната спортистка на Австралија ја заврши кариерата

Австралиската пливачка, Ема Мекион денеска објави дека става крај на кариерата. Мекион освои 14 олимписки медали на Игрите во Рио 2016, Токио 2020 и во Париз 2024 година; шест златни, три сребрени и пет бронзени. Со 14 олимписки медали, таа е најодликуваната спортистка на Австралија.

„Горда сум на себе што дадов апсолутно сè’ во мојата пливачка кариера, и физички и психички. Сакав да видам за што сум способна и тоа го направив”, напиша Мекион на социјалните мрежи.

Триесетгодишната Мекион претходно посочи дека Игрите во Париз, каде што го освои златото во штафетата на 4х100 метри слободно, ќе бидат последни Олимписки игри (ОИ) во кариерата.

– Пливањето ми даде толку многу. Од сонот кој почна на петгодишна возраст, па се до моите трети ОИ. Имам толку многу лекции, пријателства и спомени за кои сум многу благодарна, додаде Мекион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО