Нагелсман најави дека нема да има големи промени во репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Германија нема да претрпи големи промени по испаѓањето во четврт-финалето на УЕФА ЕУРО 2024, но ќе биде засилена и подобрена, уверува селекторот Јулијан Нагелсман, во изјава за Ројтерс.

Германците синоќа беа елиминирани од Шпанија по продолженија.

– Не сум бил на друг турнир како овој, но ми кажаа дека не секогаш сите играчи го напуштаат кампот со солзи во очите по шест недели заедно. Ќе се обидеме да бидеме подобри и да не почнеме од нула. Натпреварите во Лигата на нации ќе бидат искористени за понатамошен развој, коментира Нагелсман.

– Ние сè уште работиме во оваа насока и ова е нормално по претходните години. Имаме тим од 26, 27, 28 играчи кои сè уште можат да играат на Светското првенство. Нема смисла да се реновира составот бидејќи имаме многу добра клима и тоа е добра основа за надградба на мојата работа и ќе продолжи како што започна, изјави селекторот на германската репрезентација.

Тој е убеден дека со поддршка од навивачите, репрезентацијата на земјата ќе продолжи да се подобрува.

„Отсекогаш сум велел дека ни требаат навивачите обединети зад нас по лошите претходни турнири. Имавме визија и верување дека можеме да направиме некои добри работи. Не смееме да тагуваме“, заклучи Јулијан Нагелсман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО